ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Пронајдено телото на бугарскиот нуркач кој исчезна во Охридското Езеро
10/08/2025 10:40
Телото на 52-годишен бугарски државјанин, кој вчера попладне исчезна при нуркање во Охридското Езеро, е пронајдено во близина на селото Трпејца. Очевидци изјавија дека бил облечен во комплетна нуркачка опрема и бил извлечен од голема длабочина.
Несреќата се случила околу 13:15 часот, кога нуркачот исчезнал на длабочина од 89 метри. Во потрагата учествуваа Езерската полиција, екипи на Црвениот крст и нуркачкиот клуб „Амфора“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го потврди случајот и изјави дека причините за трагедијата се уште се предмет на истрага.





