MKinformer

your daily dose of news

ОФИЦИЈАЛНО ОД МВР: За вчерашната престрелка и убиството во Тетово, уапсени се три лица

11/08/2025 19:04

Министерството за внатрешни работи информира дека по вооружената пресметка во Тетово, во која вчера загина едно лице, а четворица беа повредени, денеска се приведени три лица. При претреси на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, биле пронајдени предмети од значење за истрагата.

„Во врска со вчерашната престрелка во Тетово, лишени од слобода се три лица. При претреси во с. Гајре пронајдени се предмети поврзани со истрагата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сите инволвирани лица,“ наведуваат од МВР.

Инцидентот се случил вчера напладне на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“, кога дошло до размена на оган меѓу две возила – „Форд Фиеста“ со одјавени тетовски таблици, сопственост на 19-годишник од Гајре, и „Фолксваген Голф“, во кој било пронајдено починато лице со прострелни рани.

Повредените се пренесени во скопските клиники: 32-годишен маж со тешка повреда на граден кош, 12-годишно девојче со прострелна рана во ногата, 37-годишен маж со прострелна повреда во граден кош и 60-годишен тетовец со скршеница на потколеница. Девојчето и 60-годишниот биле случајни минувачи на местото на настанот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!