Почина 80-годишен пациент во болницата ГОБ „8 Септември“
22/08/2025 18:15
Вчера во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје почина 80-годишниот Ж.С. од главниот град.
Според информациите, пациентот дошол во болницата заради здравствени тегоби и побарал лекарски преглед. За време на престојот во установата, неговата здравствена состојба нагло се влошила, по што дежурниот лекар ја констатирал неговата смрт.
На местото веднаш бил повиканa Полиција и јавен обвинител, кој издал наредба телото да биде предадено на обдукција.





