Владата ќе започне постапка за набавка на 100 нови возила за здравствените установи
22/08/2025 9:12
Владата донесе одлука за отпочнување постапка за набавка на 100 нови возила наменети за јавните здравствени установи низ целата држава.
Претставник на Владата изјави дека приоритет е модернизација на возниот парк во здравството, бидејќи моменталната состојба е оценета како „катастрофална и алармантна“. Според него, дел од установите и понатаму користат возила добиени како донации или очекуваат нови донации.
Новите возила ќе бидат современо опремени и ќе се распределат во различни делови од државата. „На последната седница донесовме одлука за отпочнување на постапка за набавка на сто нови, супер модерно опремени возила,“ нагласи владин претставник.





