Скандал во МНР: Дали „ПИПЦИТЕ“ на Бујар сеуште „РОВАРАТ“ во МНР и ЗЛОУПОТРЕБУВААТ !?
24/08/2025 12:25
Сериозен скандал ја тресе јавноста по објавата дека службениот и-мејл и телефонски број на Мемет Жаку, вработен во Министерството за надворешни работи, биле користени за спонзорирање политичка реклама на Фејсбук во корист на Бујар Османи. Објавата е спонзорирана вчера, а доказите јасно го прикажуваат мејлот на Жаку и неговиот телефон, иако бројот е прикриен со жолта лента поради дилема дали станува збор за приватен или службен контакт.

Она што го прави случајот уште поконтроверзен е фактот дека Мемет Жаку, според информации од политички кругови, е главниот човек зад кампањата на Османи за градоначалничката функција во Чаир. Доколку тоа е точно, тогаш станува збор за класичен пример на мешање на државна администрација во партиска пропаганда.
Во Министерството за надворешни работи веќе има реакција – се проверува дали навистина биле злоупотребени службени ресурси за политички цели. Прашањето што логично се наметнува е: дали МНР станува алатка за изборни пресметки и лични амбиции на поединци?
Жаку, пак, не е анонимен службеник. Неговото присуство на меѓународни форуми, како оној во НАТО заедно со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, покажува дека станува збор за фигура со влијание и доверба во државниот апарат.
Скандалот отвора сериозни сомнежи – дали власта ги претвора институциите во продолжена рака на партиските кампањи? И што е уште поважно, кој ќе понесе одговорност ако се потврди дека државните ресурси се користат за приватни и партиски цели?






