MKinformer

your daily dose of news

Запалено возилото на Галетановски од СДСМ

09/09/2025 11:13

Запалено возило во скопската населба Аеродром предизвикало пожар во кој биле зафатени уште два автомобили, соопшти СВР Скопје.

-Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје.

Станува збор за возило во сопственост на Ѓорги Галетановски, екс директор на Зоолошката Градина Скопје и Претседател на Градската Организација на СДСМ Скопје.

Во Скопје вчера се слушнала силна експлозија која предизвикала пожар, што бил навреме изгаснат од Противпожарната служба на градот. На местото на настанот увид извршиле полициски службеници.

Оштетениот Галетановски изјави за „Скопје1“ дека не добивал закани и нема никакви конфликти со никого, но апелира до Министерството за внатрешни работи да го пронајде сторителот:

„Се слушна силна експлозија. Не сум скаран со никој, ниту сум замерен. Сум немал никакви закани. Апелирам до министерството да го најде сторителот, не поради финансиски побуди, туку за сите кои останавме да живееме во Скопје да се чувствуваме сигурно,“ изјави кусо Галетановски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!