MKinformer

your daily dose of news

Вработени од Зоолошката бараат враќање на поранешниот директор, Галетановски: „Ќе помогнам колку можам“

13/11/2025 11:12

Дел од вработените во Зоолошката градина во Скопје побараа од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски повторно да го постави Ѓорги Галетановски за директор на установата, објави „Слободен печат“.

Војо Иванов, долгогодишен вработен и негувател во Зоолошката, апелираше до градоначалникот внимателно да ја донесе одлуката околу изборот на нов директор, имајќи предвид дека институцијата следната година ќе одбележи еден век постоење.

На барањата реагираше и самиот Галетановски, кој во изјава за „Слободен печат“ потврди дека моментално нема планови да се врати на директорската позиција, но дека останува посветен на Зоолошката и на грижата за животните.

„Знам дека Зоолошката е во лоша состојба, но се надевам дека ќе дојдат подобри времиња. Никогаш не сум ги оставил вработените и животните, секогаш помагав колку што можам. Сега сум советник во Град Скопје и не сум разговарал за враќање, но останувам достапен и подготвен да помогнам“, изјави Галетановски.

Пред институцијата е значајна година, бидејќи во 2026 година Зоолошката градина во Скопје ќе одбележи 100 години од своето основање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!