MKinformer

your daily dose of news

Протест пред МВР по убиството на Росица Коцева од Велес, денес од 17:30 часот

18/09/2025 8:56

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска закажа протест во 17:30 часот пред главниот влез на МВР, а потоа и блокада кај Жена парк Борец во 18:00 часот. Повод е убиството на Росица Коцева од Велес и првичните индиции дека полицијата не реагирала навремено на нејзините пријави за закани и напади.

Од Хелсиншкиот комитет повикуваат граѓаните да излезат и да испратат јасна порака против насилството врз жените и фемицидите:

„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да дадеме поддршка на жртвите и заедно да кажеме ‘Ниту една повеќе!’“

Протестот е замислен како чин на солидарност и повик за институционална одговорност, со цел да се спречат идни трагедии и да се создаде безбедна средина за сите жени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!