MKinformer

your daily dose of news

Овие улици во Општините Центар и Карпош денес без вода

19/09/2025 9:09

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“, информира дека на 19 септември 2025 година (петок) ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку локации во градот.

  • Во Општина Карпош, поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100 мм на ул. Будимпештанска бр.25, без вода ќе бидат улиците: Будимпештанска, Осло, Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на дефектот.

  • Во Општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок Ф-80 мм на ул. Пиринска бр.31, без вода ќе останат корисниците од ул. Пиринска и дел од ул. Ленинова. Прекинот е предвиден од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Граѓаните се замолуваат навремено да се подготват и да обезбедат потребни количини вода за пиење и домаќинство додека траат интервенциите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!