MKinformer

your daily dose of news

Трајановски со порака: Септември е време за семејство и традиција, а Скопје е најубаво кога мириса на ајвар

21/09/2025 15:53

Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР, Александар Трајановски, преку свој статус на социјалните мрежи го истакна значењето на традицијата и семејните вредности кои го обојуваат секојдневието на скопјани.

Денес е ден за традицијата! Скопје е убаво кога во септември мириса на ајвар. Еден викенд во септември секогаш е резервиран за фамилијарна дружба, подготовка на зимница, топло лепче, ајвар и секако сиренце“, напиша Трајановски.

Со оваа порака, тој потсети на вредностите кои ги поврзуваат генерациите и создаваат чувство на заедништво и топлина во секое семејство. Според него, ваквите моменти не се само обичај, туку и дел од културниот идентитет на Скопје и Македонија.

Трајановски ја нагласи важноста на зачувувањето на традициите и негувањето на семејната хармонија, кои се темел на едно здраво и силно општество.

error: Содржината е заштитена од копирање !!