MKinformer

your daily dose of news

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје, на коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР

12/09/2025 20:53

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски, официјално ја прифати кандидатурата поддржана од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР, нагласувајќи дека ја презема оваа одговорност со чест и посветеност.

По осум години активно работење во Советот на Град Скопје, со бројни иницијативи, проекти и предлози, како и размена на искуства со градоначалници од над 30 европски градови, Трајановски истакна дека е подготвен да понуди конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат скопјани и јавните претпријатија.

Посебна чест, како што рече, е тоа што носител на советничката листа ќе биде поранешниот градоначалник Ристо Пенов, кој веќе оставил силен белег во развојот на градот Скопје.

Во своето обраќање, Трајановски ја претстави и визијата за Скопје како:

  • современ и одговорен град,

  • отворен за граѓаните,

  • со ефикасен јавен превоз,

  • модерно управување со отпадот,

  • подобра координација со општините,

  • и решавање на реалните проблеми на сите жители.

„Заедно можеме да го изградиме Скопје какво што заслужуваме. Модерен, функционален и жив град за сите нас“, порача Трајановски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!