MKinformer

your daily dose of news

ЛДП и ГРОМ здружено за подобра иднина на Скопје

08/09/2025 8:30

На претстојните локални избори граѓаните на Скопје ќе добијат нова, силна и решителна понуда од редовите на Либерално-демократската партија (ЛДП). Поранешниот градоначалник на Скопје и министер за локална самоуправа, искусниот Ристо Пенов, заедно со реномираниот доктор Никола Пановски, ќе бидат носители на советничката листа во главниот град.

Пенов оваа информација ја соопшти во гостување на Канал 77, истакнувајќи дека ЛДП излегува самостојно пред скопјани, но со поддршка и соработка со партијата ГРОМ на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. „Граѓаните заслужуваат чесна и одговорна политика, а ние сме тука за тоа“, порача Пенов.

Иако имало одредени разговори со СДСМ, договор не е постигнат, а ЛДП јасно покажува дека има сила да настапи самостојно. Историјата покажува дека оваа партија веќе знае да изненади. На минатите избори, освоија значителен број гласови и направија големи поместувања на политичката сцена.

Заедно со ГРОМ, ЛДП ќе оди со заемна поддршка за кандидатите за градоначалници, а конкретните имиња допрва ќе бидат потврдени. Засега, партијата нема свој кандидат за прв човек на Скопје, но јасно е дека со Пенов и Пановски на листата, ЛДП испраќа силна порака: градот заслужува луѓе со знаење, искуство и визија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!