MKinformer

your daily dose of news

Четири земјотреси утрово на Света Гора (Атос), најсилниот со магнитуда 5,0 степени

22/09/2025 8:10

Полуостровот Атос во Грција, поточно на Света Гора, утрово беше погодена од серија земјотреси, при што најсилниот регистриран потрес изнесувал 5,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот бил лоциран во Егејското Море, на длабочина од околу пет километри и на 10 километри јужно од манастирот Хиландар.

Според досегашните информации, нема пријавени повредени лица ниту материјална штета. Исто така, не е издадено предупредување за можен цунами-бран.

Очевидци за ЕМСЦ изјавиле дека потресите силно се почувствувале во Неа Рода, на островот Амуљани и во местото Сарти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!