Серија земјотреси ја погодија Грција, најсилен 5,2 степени
07/06/2026 14:29
Серија земјотреси ја погодија Евија: Најсилниот потрес 5,2 степени, нема повредени
Серија земјотреси денеска го погодија грчкиот остров Евија, при што најсилниот потрес бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, пренесува „Катимерини“. Епицентарот бил на околу шест километри југозападно од местото Прокопи.
Материјална штета, но без повредени
Според првичните информации, земјотресите предизвикале материјална штета, но нема пријавени повредени лица.
Пожарникарите на терен
Пожарникарските служби излегле на терен и вршат проверки во поширокото подрачје. Во моментов се отстрануваат паднати камења од патиштата за да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.




