MKinformer

your daily dose of news

МВР: Лишени од слобода двајца битолчани за незаконит лов – во возилото пронајдени две срни

29/09/2025 12:40


Двајца жители на Битола се лишени од слобода поради сомнение за незаконит лов, информира Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 28 септември 2025 година околу 10:30 часот, кога полициски екипи од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија извршиле контрола на возило „Форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот С.Ф., а сопатник бил 26-годишниот В.Ф., двајцата од Битола.

При прегледот биле пронајдени еден карабин и две ловечки пушки со соодветни дозволи, како и неколку уловени пајки за кои постоела дозвола за лов. Но, во возилото биле откриени и две срни, за чие ловeње тие немале дозвола.

Според МВР, лицата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!