Пронајдена мртва жена, во Гази Баба
29/09/2025 7:57
Трагичен настан изминатиот викенд во скопска Гази Баба. Жена била пронајдена почината во својот дом.
– На 27.09.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Гази Баба била пронајдена почината С.П.(87) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција, стои во вчерашниот полициски билтен.






