MKinformer

your daily dose of news

„Повеќе резултати, помалку изговори“ – Александар Трајановски со силна порака до скопјани

02/10/2025 11:52

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ГРОМ, Александар Трајановски, продолжува со своите средби со граѓаните, нагласувајќи дека приоритет му е враќањето на довербата преку резултати, а не празни ветувања.

Вечерва, заедно со советниците Сашо и Дијана, како и со актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за нов мандат Стевчо Јакимовски, Трајановски беше во населбата Тафталиџе 2. Граѓаните јасно порачаа дека се задоволни од менаџментот на општината, но не и од активностите под надлежност на Град Скопје, кои, според нив, останале нереализирани.

Луѓето не сакаат експерименти. Тие бараат проверени решенија, професионалци со искуство и одговорност. Граѓаните немаат уште четири години за фрлање, сакаат чисто, уредно и безбедно маало, а не празни приказни“, нагласи Трајановски.

Тој додаде дека со поддршката на граѓаните Скопје може да покаже дека постои начин да се работи транспарентно, ефикасно и чесно. „Повеќе резултати, помалку изговори“, е пораката со која Трајановски ја води својата кампања, уверувајќи дека Скопје може и мора да биде град со вистински дела и квалитетни решенија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!