(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски му порача на Сотир Лукровски: „Карпош е најпосакуваното место за живеење благодарение на работа, а не на празни зборови“
24/09/2025 21:18
Актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку видео порака на својот Facebook профил му одговори на противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.
„Благодарам за комплиментот, Сотир. Да, Карпош е најубавото и најпосакуваното место за живеење – ама благодарение на работа и резултати, не на празни зборови,“ порача Стевче.
Тој додаде дека доколку Сотир и неговиот партиски колега Христијан Мицкоски ја воделе општината, „одамна ќе беше уште една Кисела Вода, Бутел или Ѓорче.“
„Значи едно е јасно – Карпош е тоа што е, затоа што тука се работеше,“ истакна актуелниот градоначалник, нагласувајќи дека општината е пример за успех токму поради реалните проекти и резултати.
Пораката доаѓа во пресрет на локалните избори во октомври, каде што двајцата кандидати – Стевче од ГРОМ и Сотир од ВМРО-ДПМНЕ – ќе се соочат во борбата за довербата на жителите на Карпош.






