Додека Касами бара македонски гласови во Тетово, дали со гордоста за синот порача дека Тетово е град во Голема Албанија?
08/10/2025 11:15
Во разгорот на предизборната кампања, градоначалникот на Тетово и лидер на движењето ВРЕДИ, Билал Касами, повторно го сврте вниманието на јавноста, овој пат преку својот син. На социјалните мрежи, Касами објави дека неговиот син Лавдрим добил повик да настапи за младинската фудбалска репрезентација на Албанија до 19 години, нагласувајќи дека тоа е „најубавата вест“ што ја добил во текот на кампањата.
Иако спортскиот успех на младиот Касами е за поздрав, реакциите во јавноста не изостанаа. Дел од граѓаните и аналитичарите прашуваат дали со ваквото истакнување на повикот од Албанија, Билал Касами индиректно сака да испрати политичка порака, дека своето Тетово го гледа повеќе како дел од „Голема Албанија“, отколку како град во Македонија
„На врвот од кампањата, најубавата вест што ме направи неизмерно среќен дојде од Тирана. Мојот син, Лавдрим, кој игра за возрасните групи на Шкендија, доби покана од фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам, ФШФ! Честитки, Лавдрим!“ пишува Касами.






