Уапсена сопругата на доктор Шаини поради сомнение дека го нарачала убиство
08/10/2025 16:49
олицијата ја уапсила 43-годишната А.А. од Тетово, под сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг, докторот Зекирија Шаини (43) од селото Слупчане, општина Липково.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил во центарот на Куманово, кога познатиот лекар бил застрелан со огнено оружје. Тој бил итно пренесен во Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, каде што лекарите успеале да ги санираат неговите повреди.
Од МВР информираат дека во рамките на истрагата биле повикани на разговор шест лица, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на 50-годишен кумановец, Б.С.
Освен сопругата на повредениот лекар, полицијата трага и по 36-годишниот Љ.Ф. од Гостивар, кој се сомничи како директен извршител на нападот и кој во моментов е во бегство. По консултација со Основното јавно обвинителство Куманово, против двајцата ќе бидат поднесени кривични пријави за обид за убиство.
Според последните информации, доктор Шаини денеска е пуштен од болница по успешната интервенција.






