MKinformer

your daily dose of news

Левица најавува правна битка за еднаквост во медиумското претставување

21/10/2025 9:37

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку својата објава на социјалните мрежи најави дека партијата ќе преземе конкретни правни чекори за заштита на правото на фер и рамноправен медиумски третман во вториот круг од локалните избори.

Апасиев посочи дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги имала законска обврска да донесе ново упатство со кое на кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, ќе му се овозможи правото на платено политичко рекламирање, но тоа сè уште не било сторено.

„Против сите одговорни ќе бидат поднесени кривични пријави и тужби за надомест на штета, како од партијата, така и лично од нашиот кандидат“, напиша Апасиев, нагласувајќи дека Левица ќе продолжи да се бори против неправдите и за еднакви изборни услови за сите политички субјекти.

Со ова, Левица повторно ја потврдува својата заложба за транспарентност, почитување на законите и доследна борба за правичен медиумски простор.

error: Содржината е заштитена од копирање !!