Повеќе делови од Скопје денес без електрична енергија
22/10/2025 9:17
Денеска повеќе делови од градот Скопје и околните населени места ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија АД.
Распоред на прекините
-
08:00 – 14:00 часот: дел од корисниците во село Долно Лисиче (општина Аеродром)
-
08:30 – 14:30 часот: дел од улиците ул. 4 и ул. 10 во општина Сарај
-
08:30 – 16:00 часот: делови од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава (општина Студеничани)
-
09:00 – 12:00 часот: корисниците долж бул. Борис Трајковски од раскрсницата кон Лисиче до Охис, ул. 1523, дел од Драчево (бр. 77 до 85), како и објектите помеѓу Циле Инжинеринг и Интеграф (општина Кисела Вода)
-
09:00 – 13:00 часот: улица Питу Гули околу српската амбасада (општина Центар)
-
09:00 – 14:30 часот: дел од улица Пијанец (општина Карпош)
-
09:00 – 15:00 часот: блок згради на потегот од бул. Партизански Одреди бр. 17 до ул. Максим Горки (општина Центар)




