MKinformer

your daily dose of news

Пајак-службата на Град Скопје конечно интервенира и во Чаир, отстранува непрописно паркирани возила

07/11/2025 21:40

Екипата на МК ИНФОРМЕР денеска забележа ретка сцена во Скопје, пајак-службата на Град Скопје извршуваше акција за отстранување на непрописно паркирани возила во општина Чаир.

Возилата беа подигнати токму во делот околу Бит-пазар и Чаирчанка, каде што сообраќајниот хаос со години претставува голем проблем за жителите и возачите. Овој потег на пајак-службата е еден од ретките случаи кога се преземаат конкретни мерки во овој дел од градот, познат по густ сообраќај и често паркирање на тротоар и на улица.

Граѓаните кои сведочеа на акцијата коментираа дека вакви интервенции се потребни почесто, за да се воспостави ред во сообраќајот и да се ослободат улиците за нормално движење.

Од Град Скопје засега нема официјално соопштение, но очекувањата се дека ваквите контроли ќе продолжат и во другите делови на градот каде што непрописното паркирање е секојдневен проблем.

error: Содржината е заштитена од копирање !!