MKinformer

your daily dose of news

За една недела собрани 101 неправилно паркирани возила

09/02/2026 12:19

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, со помош на специјалните возила „пајак“, биле отстранети 101 непрописно паркирани автомобили на територија на Општина Центар.

Од претпријатието посочуваат дека возилата го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, поради што била неопходна интервенција на терен. Како што нагласуваат од ЈП ПОЦ, проблемот со сообраќајниот метеж и неправилното паркирање не може трајно да се реши без поголема сообраќајна култура и одговорност кај возачите.

Во таа насока, ЈП Паркинзи на Општина Центар најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со секојдневни контроли и отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани возила, со цел да се подигне сообраќајната свест и да се зголеми безбедноста во сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!