MKinformer

your daily dose of news

Без вода утрово две скопски улици и една болница

15/11/2025 9:28

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека денес, 15 ноември 2025 година, поради уличен дефект на ул. Дижонска бр. 17, без вода ќе останат дел од корисниците во општина Чаир.

Прекинот ќе ги опфати:

  • Корисниците на ул. Дижонска

  • Корисниците на ул. Коста Абрашевиќ

  • Објектот на Гинекологија Чаир

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот.

Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на прекинот и да обезбедат потребни резерви на вода.

error: Содржината е заштитена од копирање !!