Македонија ќе игра бараж против Данска за пласман на СП 2026 – во евентуално финале повторно гостуваме
21/11/2025 14:18
Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со селекцијата на Данска во првиот бараж-меч за пласман на Светското првенство 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Ждрепката во Цирих ја одреди оваа комбинација, а дуелот е закажан за 26 март 2026 година.
Нашата репрезентација влегува како аутсајдер во овој меч, бидејќи се најде во последниот – четврти шешир, додека Данска е селекција од најсилниот, прв шешир.
Доколку Македонија направи изненадување и го добие баражот со Данска, следи уште еден, решавачки натпревар на 31 март 2026 година, против подобриот од дуелот Чешка – Ирска. И во можното финале од баражот Македонија ќе биде гостин.
Нашиот национален тим ги заврши квалификациите со тежок пораз од Велс (7:1), што го постави на третото место во групата и ја одреди најниската позиција во ждрепката.
Други полуфинални бараж-дуели во Европа
Патека 1:
-
Велс – БиХ
-
Италија – Северна Ирска
(Победниците играат меѓусебно за место на СП)
Патека 2:
-
Полска – Албанија
-
Украина – Шведска
(Победниците играат меѓусебно за место на СП)
Патека 3:
-
Словачка – Косово
-
Туркије – Романија
(Победниците играат меѓусебно за место на СП)






