АЛАРМАНТНО: Се лизга земјиштето од Водно кај Клинички Ценар – се подготвува ургентен акциски план
27/11/2025 16:20
Во Центарот за управување со кризи денес беше одржан итен координативен состанок поради сериозното обрушување – лизгање на земјиште на Водно, во непосредна близина на улиците Белградска и Партеније Зографски. На средбата присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и претставници од сите надлежни институции.
Институциите ги разгледаа безбедносните ризици и заканите за околните објекти, при што беше проценето дека е неопходно итно стабилизирање на критичната локација. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилени контролни активности на терен и изработка на ургентен план за спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.
Официјалните заклучоци ќе бидат доставени до Владата, која треба да ги усогласи следните чекори за справување со новонастанатата ситуација.






