MKinformer

your daily dose of news

Нов „Марш на ангелите“ во Кочани денес: Родителите бараат вистинска правда за трагедијата во „Пулс“

29/11/2025 11:43

Во Кочани денес, со почеток во 14:05 часот, ќе се одржи нов „Марш на ангелите“ под мотото: „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не се тука“. Настанот повторно го организираат родителите на загинатите, кои истакнуваат дека нивната мисија останува јасна – борба за вистинска правда, за нивните деца и за општество со совест.

Тие потсетуваат дека молкот пред неправдата не смее да биде избор и дека единството е клучно за институциите конечно да преземат одговорност.

Последниот марш, одржан во Скопје, испрати силна порака: патот до правдата е долг и тежок, но доколку граѓаните се обединат, системот ќе мора да реагира.

Паралелно, продолжува и судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 63 животи, а повреди околу 200 лица. Судењето започна на 19 ноември, а обвинети се 38 субјекти – 35 физички лица и три правни лица. Следното рочиште е закажано за 2 декември.

error: Содржината е заштитена од копирање !!