MKinformer

your daily dose of news

Стартува изградбата на современа детска градинка во Дексион со капацитет од 120 деца и површина од 900 м².

02/12/2025 14:35

Изградбата на новата современа детска градинка во Дексион официјално започна, означувајќи инвестиција во безбедна, модерна и енергетски ефикасна средина за најмладите жители на општината. Објектот е проектиран по европски стандарди за пристапност и квалитет, нудејќи простор каде што децата ќе растат, учат и се развиваат во сигурни услови.

На настанот присуствуваа и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, како и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, чија поддршка, како што беше посочено oд градоначалникот на Ѓорче Петров Стојкоски, претставува потврда за заедничката инвестиција во иднината на децата.

Ова е втората градинка што се започнува во текот на актуелниот мандат, а локалната самоуправа најавува изградба на уште три нови објекти во следниот период. Новата градинка ќе биде со површина од 900 м², ќе има 6 групи и капацитет за 120 деца, со вкупна вредност на проектот од 81.964.479 денари со ДДВ.

Стојкоски истакна дека ќе продолжи со реализација на проекти кои носат развој, подобри услуги и подобра иднина за најмладите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!