MKinformer

your daily dose of news

Облачно време со локални врнежи од дожд – западот и југот со пообилни дождови, на планините снег

03/12/2025 9:57

Денешната временска прогноза најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во западните и јужните делови од земјата. На повисоките планински предели дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, а дневните максимални ќе достигнат од 8 до 12 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со локален дожд и слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поради циклонска активност, од вечерва па до крајот на неделата ќе следи период со чести врнежи од дожд, најмногу во западните и јужните региони. На повисоките планини ќе има услови за снег, а минималните температури ќе останат позитивни насекаде.

error: Содржината е заштитена од копирање !!