ОЈО бара притвор за „мисицата“ на кравите, таткото и сестрата од Крива Палнка
03/12/2025 23:42
Основното јавно обвинителство во Крива Паланка поведе постапка против три лица – татко и неговите две ќерки – за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ согласно член 382 став 3 од Кривичниот законик.
Според обвинението, осомничените на 2 декември со употреба на сила и сериозна закана ги спречиле службениците на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои работеле со полициска асистенција, да го спроведат правосилното решение за одземање домашни животни – крупен добиток.
Јавниот обвинител побара мерка притвор за сите тројца, повикувајќи се на опасноста од бегство и ризикот од повторување на делото. Во образложението се наведува дека нивното однесување покажува континуирано малтретирање на месното население и соседите, а сега и активни обиди за попречување на службени лица од АХВ и на униформирани полициски службеници.
Случајот продолжува пред надлежниот суд, кој треба да одлучи за бараниот притвор.





