Таткото и „Мисицата на кравите“ од Крива Паланка заработија кривична пријава, гребела полицаец по лице
11/12/2025 17:03
Основното јавно обвинителство во Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица – татко и неговите две ќерки – кои се сопственици на стадо со повеќе од 500 крави кои го тероризираа локалното население и нивниот имот.
Таткото и ќерките насилници се товарат за кривично дело „Спречување службено лице при вршење службено дејствие“, поврзано со инцидентот од 2 декември во местото Самоков, во близина на селото Луке, кога на службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство не им било дозволено да спроведат конфискација на крупен добиток врз основа на правосилно судско решение.
Освен таткото приведни сестрата и „мисицата“ на кравите од Крива Паланка
Таткото дополнително се соочува со обвинение за загрозување на сигурноста поради упатени сериозни закани кон присутните, а една од ќерките е обвинета за физички напад врз полициски службеник кој бил повикан да помогне во постапката, при што му нанела повреди со влечење и гребење по лицето. Обвинителството наведува дека ваквото постапување ги попречило службените лица да ја реализираат својата законска задача.
(ВИДЕО) Ескалира „кравјата криза“ во Крива Паланка: Ќе ја заузда ли некој привилегираната “убавица“
Во текот на прибирањето на доказите, сите тројца обвинети беа задржани во притвор.





