MKinformer

your daily dose of news

Бугарското собрание го одби референдумот на Радев за еврото – 135 гласа „против“, 81 „за“

04/12/2025 9:09

Националното собрание на Бугарија го одби апелот на претседателот Румен Радев за распишување референдум на кој граѓаните би одлучувале дали земјата треба да го усвои еврото во 2026 година.

Предлогот беше одбиен со 135 гласа „против“, 81 „за“ и 3 „воздржани“, по седница што неколку пати беше прекинувана.

Одлуката ја затвора полемиката што започна уште во мај, кога Радев изненадно го поднесе референдумското прашање, иако подготовките за влез во еврозоната за 1 јануари 2026 година активно напредуваат. Процедурата се активираше откако Уставниот суд утврди дека поранешната претседателка на Парламентот, Наталија Киселова, го прекршила Уставот со тоа што претходно го блокирала процесот.

Новата претседателка, Раџа Назаријан, го препрати предлогот во собраниска процедура, а иницијативата ја стави на дневен ред партијата Преродба.

Седницата беше во неколку наврати прекината затоа што претседателската администрација не испрати претставник да го образложи предлогот. По продолжувањето, дискусијата се одржа без присуство на претставници од кабинетот на Радев.

Опозициските партии Преродба, Величие (Големина) и МЕЧ бараа одржување референдум со аргумент дека граѓаните треба да го имаат последниот збор. Пратениците од Преродба издигнаа транспарент „Референдум за левот, а не за еврото“, кој претседателката Назаријан нареди да се отстрани.

Во своето писмено образложение, Радев истакна дека усвојувањето на еврото е прашање што сериозно ги засега финансиските интереси на граѓаните и бара „широк јавен консензус“.

Во изминатава недела Бугарија се соочува со сериозна политичка криза во и околу Народното Собрание, предложениот Буџет за 2026 година беше повлечен од страна на мнозинството окако граѓаните масовно излегоа на протести во Софија

Борисов панично го повлече предлог буџетот по протестите на улиците во Софија

Референдумската иницијатива доаѓа во пресрет на очекуваната позитивна оценка од Европската комисија дека Бугарија ги исполнува критериумите за влез во еврозоната во 2026 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!