Облачно време со локални врнежи: денес пообилен дожд на југ и југоисток, стабилизација од недела
04/12/2025 8:38
Денешната прогноза најавува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во југоисточните делови може да бидат пообилни – локално над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, а температурите ќе се движат од 4 до 8 степени минимални, односно 8 до 13 степени максимални.
Во Скопје, времето ќе биде облачно со повремен дожд, придружено со слаб до умерен јужен ветер. Наутро температурата ќе се спушти до 6 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Прогноза за наредните денови
До сабота се задржува претежно облачно и релативно топло време со локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните региони (повторно локално над 30 l/m²).
Од недела, прогнозата најавува стабилизирање на времето и намалување на врнежите.



