Променливо облачно време со сончеви периоди и магла во котлините
07/12/2025 10:04
Денешната временска состојба ќе биде променлива, со облачни периоди проследени со сонце, додека претпладне по одделни котлини ќе се задржи маглата. Синоптичарите најавуваат можност за слаб локален дожд во северозападните региони, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат меѓу 2 и 9 степени, а дневните ќе достигнат од 10 до 15 степени.
Во Скопје претпладне ќе има услови за магла во делови од котлината, а остатокот од денот ќе помине во променлива облачност со сончеви интервали. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната до 12 степени.
Под влијание на висок воздушен притисок, следната седмица носи стабилно и релативно потопло време. Во претпладневните и вечерните часови по котлините ќе има магла, каде што температурите ќе останат пониски.


![Променливо облачно време со магла и температури до 14 степени promenlivo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/promenlivo1.jpg)


