MKinformer

your daily dose of news

Во октомври издадени 446 одобренија за градење – раст од речиси 23 проценти

11/12/2025 10:38

Во октомври 2025 година се издадени вкупно 446 одобренија за градење, што претставува зголемување од 22,9 проценти во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите според издадените одобренија изнесува 10.596.843 илјади денари, односно 25,1 проценти повеќе во споредба со октомври 2024 година. Значајниот пораст делумно се должи и на издаденото одобрение за изградба на Државен пат А2, делница Букојчани – Кичево (прва фаза), подделница Црвивци – Кичево во должина од 6,527 километри, со вредност од околу 44 милиони евра.

Од вкупниот број одобренија, 289 (64,8%) се за објекти од високоградба, 68 (15,2%) за нискоградба, а 89 (20%) за реконструкција.

Кај инвеститорите, 247 објекти (55,4%) се во сопственост на физички лица, додека 199 (44,6%) се под инвестиција на деловни субјекти.

Во истиот период е планирана изградба на 1.177 станови со вкупна корисна површина од 101.286 квадратни метри.

error: Содржината е заштитена од копирање !!