Калајџиев: Општеството бара обвинител со интегритет, но власта ги дели обвинителите на „наши и нивни“
19/12/2025 19:15
Професорот Гордан Калајџиев за „Локално“ коментира дека јавноста одамна очекува обвинител со вистински интегритет, но според него, актуелната власт отворено ги дели судиите и обвинителите на „наши и нивни“, што ја намалува довербата во системот. По заминувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, Калајџиев посочува дека уште од почетокот предупредувал дека „човекот не ветува“ и дека, како прв човек на институцијата, носи најголема одговорност за лошата состојба и внатрешните судири.
Тој дополнително го критикува односот на власта кон Јавното обвинителство, оценувајќи дека „тоа што си играа со државниот обвинител цела година е срамота за една држава што сака да биде правна држава“.
Според Калајџиев, со изборот на нов државен обвинител можно е да следи „реваншизам“, а правната држава, како што вели, сè уште е далеку: „Господ на помош. Не гледам кој може да не извлече од оваа кал“.



