Апел од ЈСП: Пензионерите да ги заверат билетите за 2026 година до 31 јануари
20/12/2025 15:56
ЈСП Скопје ги информира корисниците на билетите наменети за лица постари од 62/64 години дека заверката за користење во 2026 година е во тек и може да се извршува во сите центри за персонализација од 15 декември 2025 година.
Од претпријатието укажуваат дека заверката мора да ја направи самиот корисник, со приложување на важечки документ за лична идентификација. Не е дозволена заверка преку друго лице или без присуство на носителот на билетот.
ЈСП предупредува дека сите билети за оваа старосна група кои нема да бидат заверени до 31 јануари 2026 година автоматски ќе бидат блокирани. По истекот на рокот, корисниците кои не ја завршиле постапката ќе останат без можност да го користат билетот сè додека не ја регулираат заверката.
Како што нагласуваат од ЈСП, процесот веќе е започнат и корисниците се повикуваат навреме да ги посетат центрите за персонализација за да избегнат гужви и проблеми во последните денови пред крајниот рок.




