MKinformer

your daily dose of news

ФОТО: Прочистувач за воздух во Лисиче измери шокантно загадување: Над 300 ПМ честички со отворен прозорец

20/12/2025 23:50

Читател од скопската населба Лисиче вечерва до редакцијата на МК ИНФОРМЕР испрати фотографии од прочистувач за воздух во својот стан, кои покажуваат загрижувачки нивоа на загаденост на воздухот.

Според сведоштвото на читателот, тој најпрво го вклучил прочистувачот додека прозорецот бил отворен, а потоа повторно направил фотографија по затворање на прозорецот.

Резултатите на дисплејот се, како што вели, страшни.

Додека прозорецот бил отворен, прочистувачот измерил концентрации од 299 до 350 микрограми ПМ честички на метар кубен, што претставува екстремно загадување и сериозна опасност по здравјето.

По затворањето на прозорецот, нивото на загаденост опаднало, но и понатаму останало високо – околу 100 микрограми ПМ честички, што е далеку над дозволените граници.

Овој случај е уште еден алармантен доказ дека густата магла во комбинација со загадувањето создава токсичен микс кој секојдневно го вдишуваат жителите и посетителите на Скопје, особено во вечерните часови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!