Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција кон Македонија преку Бугарија
25/12/2025 13:57
Нелегален транспорт на оружје од Турција кон Македонија, преку територијата на Бугарија, бил спречен ноќеска, во периодот меѓу 24 и 25 декември 2025 година, благодарение на координирана меѓународна полициска акција.
Како што информира Министерство за внатрешни работи, акцијата била реализирана од Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, преку брза размена на информации и оперативна соработка со бугарските безбедносни служби.
Клучна улога во акцијата имала соработката преку SELEC Центар, како и со ГДБОП и Царинска агенција на Бугарија.
„Во текот на ноќта 24–25 декември 2025 година, по преземени координирани мерки и активности, на граничниот премин Капитан Андреево бил извршен претрес на товарно моторно возило марка ‘Волво’ со македонски регистарски таблички“, соопшти МВР.
При претресот на товарниот простор биле пронајдени и одземени:
-
три пушки,
-
20 пиштоли,
-
5.750 куршуми.
Според првичните информации, оружјето било наменето за нелегален транспорт кон територијата на Македонија.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, идентификација на сите инволвирани лица и утврдување на нивната улога, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Надлежните институции нагласуваат дека ваквите заеднички акции се клучни за сузбивање на организираниот криминал и нелегалната трговија со оружје во регионот.


![(Фото+Видео) Голема пoлициcкa aкцијa вo тeкoт нa нoќтa: Зaплeнeтa дpoгa вo вpeднocт oд 200 илjaди eвpa - oвa ce дeтaлитe policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



