MKinformer

your daily dose of news

Видете какво ќе биде времето денес

25/12/2025 9:46

Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, поизразени во источните делови од земјата. На планините и на одредени повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Во текот на попладневните часови се очекува врнежите постепено да престанат на целата територија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што дополнително ќе придонесе за чувство на свежина.

Во Скопје времето ќе биде облачно, а претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Според најавите на УХМР, од петок следува стабилизирање на временските услови. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и значително постудени, со минимални температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!