MKinformer

your daily dose of news

Пронајден планинарот од Прилеп кој беше пријавен за изгубен на Пелистер

03/01/2026 18:29

Планинар од Прилеп, кој претпладнево беше пријавен за исчезнат на подрачјето на Национален парк Пелистер, е пронајден жив и здрав и безбедно пристигнал во селото Ниже Поле.

Информацијата за МИА ја потврди Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк Пелистер, кој посочи дека планинарот најверојатно се движел по алтернативна патека низ планината.

Според неговата изјава, планинарот во одреден период бил достапен на мобилен телефон, но подоцна сигналот бил изгубен, по што случајот бил пријавен во СВР Битола и биле мобилизирани екипи за теренска потрага.

„Со екипа на Националниот парк излеговме на терен, но околу 15:50 часот добивме информација дека планинарот од Прилеп безбедно пристигнал во селото Ниже Поле“, изјави Тошевски.

Надлежните институции апелираат до сите љубители на планинарењето да се придржуваат до обележаните патеки, да ја следат временската прогноза и навремено да ги информираат службите за своите маршрути.

error: Содржината е заштитена од копирање !!