MKinformer

your daily dose of news

Москва бара од САД да ги ослободат Мадуро и неговата сопруга

03/01/2026 18:58

Русија упати остар повик до Соединетите Американски Држави да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, откако, како што наведува Москва, се потврдиле информациите дека тие се наоѓаат на територија на САД.

Во соопштение на Министерство за надворешни работи на Русија, се наведува дека Москва силно го повикува американското раководство да ја преиспита својата позиција и веднаш да го ослободи, како што се истакнува, легално избраниот претседател на суверена држава.

„Во врска со потврдените информации дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се во Соединетите Американски Држави, силно го повикуваме раководството на САД да ја преиспита оваа позиција и да го ослободи легално избраниот претседател на суверена држава и неговата сопруга“, се наведува во соопштението.

Дополнително, од Москва апелираат Вашингтон и Каракас да ги надминат постојните тензии преку дипломатски канали и политички дијалог.

„Ја нагласуваме потребата од создавање услови за решавање на сите постојни проблеми меѓу САД и Венецуела исклучиво преку дијалог“, соопшти руската дипломатска служба.

Случајот предизвика силни реакции во меѓународната јавност и дополнително ги заостри односите меѓу големите светски сили, додека официјална потврда или демант од американска страна сè уште нема.

error: Содржината е заштитена од копирање !!