MKinformer

your daily dose of news

Меџитлија затворен за камиони поради протест

08/01/2026 8:42

Од денеска, 8 јануари 2026 година, со почеток во 10:00 часот, граничниот премин Меџитлија е целосно затворен за товарниот сообраќај, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Како што соопштуваат од АМСМ, причината за блокадата е протест на грчките земјоделци, кои најавиле радикализација на своите активности, поради што грчката страна вовела целосна забрана за движење на камионите преку овој премин.

Забраната за товарните возила ќе важи 48 часа, односно до сабота, 10 јануари, во 10:00 часот. Во наведениот период, граничниот премин ќе биде непрооден исклучиво за камиони, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива во согласност со состојбата на терен и одлуките на надлежните служби.

Од АМСМ апелираат до превозниците и транспортните компании навремено да ги пренасочат своите рути, да користат алтернативни гранични премини, како и редовно да ги следат официјалните информации за можни промени на состојбата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!