Тешка сообраќајна несреќа кај Крива Паланка: Загина возач на камион
21/01/2026 19:10
Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узем.
Несреќата се случила на 21 јануари 2026 година околу 04:50 часот, кога товарно моторно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (56) од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на надлежните полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта.
Од надлежните институции информираат дека причините за сообраќајната несреќа сè уште се утврдуваат, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата.
Овој патен правец важи за еден од пофреквентните, особено за товарен сообраќај, а надлежните повторно апелираат до возачите на внимателно управување, особено во ноќните и раните утрински часови.





![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)
