MKinformer

your daily dose of news

Општина Ѓорче Петров доделува по 8.000 денари за секое новородено дете

26/01/2026 12:17

Општина Ѓорче Петров продолжува со засилени мерки за поддршка на семејствата и наталитетот. Од оваа година, општината доделува по 8.000 денари финансиска поддршка за секое новородено дете.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека станува збор за конкретна и директна помош за родителите во еден од најважните периоди од животот.

„Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство. Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет“, порача Стојкоски.

Од општината додаваат дека ваквите мерки се дел од поширок сет политики насочени кон создавање сигурна, стабилна и поддржувачка локална заедница, во која младите семејства добиваат реална поддршка.

„Како општина продолжуваме со политики што носат сигурност, грижа и поддршка – таму каде што е најважно“, додава градоначалникот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!