Гром погоди во толпа луѓе во Бразилија: најмалку 89 повредени
27/01/2026 9:27
Најмалку 89 лица беа повредени од удар на гром за време на масовен собир во поддршка на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, што се одржа во главниот град Бразилија, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случил во завршната фаза од демонстрациите на плоштадот Прака до Крузеиро, откако учесниците, и покрај силниот дожд, останале да го чекаат пристигнувањето на федералниот пратеник Николас Фереира. Видеа објавени на социјалните мрежи го прикажуваат моментот кога гром удира директно во толпата.
Според информациите од противпожарните служби, 89 лица добиле медицинска помош на самото место, од кои 47 биле пренесени во болници. Поголемиот дел од повредените се пуштени на домашно лекување, додека седум лица остануваат хоспитализирани, но во стабилна состојба.
Надлежните информираат дека 11 лица биле директно погодени од гром, додека уште 36 претрпеле секундарни повреди, како истегнувања, падови и хипотермија, предизвикани од екстремните временски услови.
Национален институт за вселенски истражувања на Бразил соопшти дека за време на протестите во Федералниот округ биле регистрирани најмалку 64 удари од гром.
Бразил е земја со најголема фреквенција на удари од гром во светот, со просек од околу 78 милиони удари годишно, односно приближно 8.000 удари во минута. Од Министерство за здравство на Бразил информираат дека стапката на преживување при директен удар од гром изнесува околу два проценти, а најчесто повредите се резултат на електрични струи што се шират низ земјата од местото на ударот.





![ТРАМП ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ОД 50% ЗА БРАЗИЛ ЗАТОА ШТО БЕА ДОМИКИНИ НА БРИКС tramp1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp11.jpg)
