Ѓорѓиевски објави видео: Скопското Кале целосно исчистено и уредено
28/01/2026 17:50
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, на кое јасно се гледа дека Скопското Кале е целосно исчистено и уредено.
Во видеото е прикажана актуелната состојба на овој значаен културно-историски локалитет, кој денес изгледа чист, среден и подготвен за граѓаните и туристите што го посетуваат главниот град. Ѓорѓиевски во својата објава нагласува дека грижата за културното наследство и јавните простори останува еден од клучните приоритети на градската администрација.
Тој потенцира дека Скопското Кале, како симбол и гордост на Скопје, заслужува постојано внимание, редовно одржување и заштита, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се обезбеди пријатна и безбедна средина за сите посетители.
Од Град Скопје најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон унапредување, одржување и промоција на културно-историските знаменитости, како дел од пошироката стратегија за подобрување на изгледот и квалитетот на јавниот простор во главниот град.






