MKinformer

your daily dose of news

Опасен вирус се шири во Србија, над 9000 заболени

07/02/2026 22:59

Над 9.000 лица во Србија се заболени од заболување со симптоми слични на грип, а лекарите предупредуваат дека станува збор за мутирани вируси кои ги погодуваат сите возрасни групи, со најголем ризик кај децата и постарите лица.

Педијатарот Саша Милиќевиќ, изјави дека здравствените установи се преоптоварени со пациенти кои имаат симптоми налик на грип, но лабораториските анализи покажуваат дека не станува збор за класичен инфлуенца вирус.

„Овие вируси имаат изменета структура, поради што имунолошкиот систем потешко ги препознава. Болеста често се јавува и кај лица кои неодамна прележале друга инфекција“, појаснува Милиќевиќ.

Најчестите симптоми се ненадејна и многу висока температура, која во одредени случаи достигнува и над 40 степени, болки во мускулите и зглобовите, силна малаксаност, губење апетит и изразена поспаност. Кај дел од пациентите се јавува и дијареја, што дополнително го зголемува ризикот од дехидратација.

Според лекарите, децата обично закрепнуваат побрзо, додека кај возрасните болеста трае подолго и често е со потешка клиничка слика. Посебно се нагласува дека антибиотиците не се ефикасни, бидејќи станува збор за вирусна инфекција.

Медицинските лица апелираат на одмор, изолација, внесување доволно течности и симптоматска терапија. Вирусот се пренесува преку кивање, кашлање, близок контакт, како и преку контаминирани раце и предмети, поради што се препорачува лицата со симптоми да останат дома неколку дена за да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!