MKinformer

your daily dose of news

Бесплатно паркирање во Општина Центар за новогодишните и божикните празници

31/12/2025 16:43

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божикните празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „ПОЦ“ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање, како и издавањето договори во Дирекцијата на претпријатието, ќе продолжи на 02.01.2026 година (петок) со вообичаено работно време.

Бесплатно паркирање ќе има и за време на божикните празници, односно на 06.01 (вторник) и 07.01 (среда), кога сите паркиралишта под надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовниот режим на наплата ќе продолжи на 08.01.2026 година (четврток).

Од претпријатието информираат дека депото на „Пајак“ службата ќе работи 24 часа, седум дена во неделата, и за време на празниците. Исклучок од бесплатниот режим се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

error: Содржината е заштитена од копирање !!